Неверојатна среќа: Млад Грк ги измешал бројките и го утнал вагонот – да гo погодел, сега ќе бил мртов

Фото: EPA/EFE / Apostolis Domalis

Панајотис Стафилос ја преживеал денешната страотна железничка несреќа во Грција во која загинаа преку 40 луѓе. Неверојатна среќа му го спасила животот. Тој имал билет за второто купе, но направил мала грешка – ги измешал бројките, пренесува српски „Данас“.

Првиот и вториот вагон на возот се речиси целосно уништени во судирот со товарниот воз, изјави регионалниот гувернер. Да седел каде што требало, Стафилос сега веројатно ќе беше мртов. Петтиот вагон, во кој случајно се нашол младиот човек, не ни излетал од шините.

Во интервју за „Би-би-си“, тој вели дека поради „можеби чиста среќа, или Господ“, тој не е меѓу повредените или загинатите во несреќата. Стафилос вели дека луѓето во неговиот вагон биле вознемирени и во паника по инцидентот и тој се обидел да им помогне и да ги смири.

„Прво ги скршивме прозорците, но немавме соодветни алатки за да го направиме тоа… па се обидовме да ја скршиме вратата“.

На крајот пристигнала помош.

Стафилос вели дека пред судирот возот застанал околу 15 минути на станицата Лариса, но тогаш не размислувал дека нешто не е во ред, бидејќи доцнењето во железничкиот сообраќај е нормално во Грција.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот