
Нетанјаху: Кој ќе крене рака против нас, ќе добие невидени разорни удари
Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху изјави во вторник, на втората годишнина од нападот на Хамас, дека Израел ќе продолжи да дејствува на секој начин за да ги врати сите заложници – и живи и убиени.
„Нашите крволочни непријатели нè удрија силно, но не нè скршија.
Набрзо ја открија огромната сила на народот на Израел. Нашите војници и команданти возвраќаат со полна сила на оние кои ни посакуваат зло, на секој фронт, блиску и далеку.
Кој ќе крене рака против нас, ќе добие невидени разорни удари“, рече Нетанјаху, наведува „Тајмс оф Израел“.
Според него, Израел ја скрши иранската оска.
„Заедно го сменивме лицето на Блискиот Исток, заедно ќе ја гарантираме вечноста на Израел“, додаде тој.
Осврнувајќи се на интензивните разговори во Египет за потенцијално ослободување на заложниците и договор за прекин на огнот, Нетанјаху рече дека Израел е „во деновите на историска одлука“ и ќе продолжи да дејствува за да ги постигне сите цели на војната – враќање на сите заложници, елиминирање на владеењето на Хамас и обезбедување дека Газа никогаш повеќе нема да претставува закана за Израел.
„Сопругата и јас ги поклонуваме главите во спомен на нашите паднати, чиј лик засекогаш ќе биде врежан во нашите срца. Ги прегрнуваме тажните семејства со љубов и им посакуваме целосно закрепнување на повредените по тело и душа“, заклучи израелскиот премиер.
Нападот на Хамас врз Израел се случи на 7 октомври 2023 година, кога околу 1.200 Израелци беа убиени, а 251 лице беше киднапирано.
Почитуван читателу,
Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ
СЛОБОДЕН ПЕЧАТ. Е-БИЛТЕН
НЕ ГУБИ ВРЕМЕ! ЗАЧЛЕНИ СЕ И ДОБИЈ ГИ НАЈВАЖНИТЕВЕСТИ НА НЕДЕЛАТА - БЕСПЛАТНО ВО ТВОЈАТА Е-ПОШТА!
СЛОБОДЕН ПЕЧАТ. Е-БИЛТЕН
НЕ ГУБИ ВРЕМЕ! ЗАЧЛЕНИ СЕ И ДОБИЈ ГИ НАЈВАЖНИТЕВЕСТИ НА НЕДЕЛАТА - БЕСПЛАТНО ВО ТВОЈАТА Е-ПОШТА!
Видео на денот
-
Најново
-
Најчитано
-
4мин
-
6мин
-
17мин
-
35мин
-
37мин
-
1
-
2
-
3
-
4
-
5
Препорачано од оваа категорија
-
1
-
2
-
3
-
4
-
5