НЕСРЕЌА ВО ИТАЛИЈА: Загинаа 13 лица откако се урна жичарница

Фото: Принтскрин

Најмалку 13 луѓе загинаа откако се урна жичарница а во близина на езерото Маџоре, северна Италија.

Во несреќата тешко се повредени две деца на возраст од 5 и 9 години кои се транспортирани во локалната болница. Тие се единствените преживеани патници во кабината.

Жичарницата се урнала при превоз на патници од градот Стреса на планината Мотароне.

Кабината паднала од висина од сто метри. Се претпоставува дека причина за несреќата е попуштање на носечкиот кабел на жичарницата.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот