НЕСРЕЌА ВО ГЕРМАНИЈА: При експлозија во рудник најмалку 38 луѓе се заробени

Германска полиција / Фото: Архива

Најмалку 38 луѓе останаа заробени во рудникот Теутшентал во централна Германија откако дојде до експлозија, при што две лица се повредени.

Експлозијата се случи во 9 часот изутрина кај Лајпциг, во германската сојузна држава Саксонија. Заробените лица наводно се на безбедно, во некое засолниште. Весникот „Билд” објави дека 38 луѓе се заробени 700 метри под земја.

Рудникот во Теутшентал, кој работи од почетокот на минатиот век, беше згаснат во 1982 година и претворен во депонија за минерален отпад. Претходно од него се вадел калиев метал.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот