„Нешто да се работи“: Баба дилала дрога во Србија, ја фатиле во шума со „стандардна опрема“ – вага, кесички, нож

Фото: Српска полиција

78-годишна жена во Србија е фатена со поголемо количество дрога, а полицијата ја сомничи дека ја продавала на локални зависници во Земун, пишуваат српските медиуми.

Бабичката, која воопшто не изгледала сомнително, е уапсена вчеравечер во шума кај српскиот град, каде полицијата ја следела и пронашла стандардна дилерска „опрема“: вага, „паковки“ во најлонски кесички, како и нож. Во кесичките имало околу 400 грама бела прашкаста материја, која е испратена на вештачење, за да се утврди каква дрога продавала осомничената жена.

Бабичката имала околу 400 грама бела прашкаста материја, која е испратена на вештачење / Фото: Српска полиција

Шумата се наоѓа во населбата Галеника во Земун, а жената со иницијали В.Н., е приведена и против неа ќе биде поднесена пријава, соопшти полицијата.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот