Непал бара од Русија да престане да регрутира нивни граѓани во својата војска

Војска Непал / Фото EPA-EFE/NARENDRA SHRESTHA

Непал побара од Москва да престане да регрутира непалски граѓани, односно веднаш да ги врати назад сите непалски војници што ги ангажираше.

Малата хималајска нација ја донесе оваа одлука откако беше откриено дека на фронтот биле убиени шестмина непалски војници кои служеле во руската армија.

„Владата на Непал побара од руската Влада веднаш да ги врати нивните тела и да им плати отштета на нивните семејства“, соопшти непалското Министерство за надворешни работи.

Во тек се дипломатски напори за ослободување на непалскиот државјанин кој служел во руската армија и бил заробен во Украина.

Амбасадорот на Непал во Москва, Милан Раџ Туладар изјави дека од 150 до 200 Непалци се ангажирани како платеници во руската армија.

Непалските војници, познати како Гурки, се познати по својата храброст и борбени вештини. Тие им служеа на британската и индиската армија по независноста на Индија во 1947 година, според договорот меѓу трите земји.

Непал тврди дека нема таков договор со Русија, пренесува Скај Њуз.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот