Неочекуван крај на љубовната приказна: Грчкиот кралски пар се разведува по 14 години брак

Принцот Николаос и принцезата Татјана / Фото: EPA / Instagram

Грчкото кралско семејство потврди дека принцот Николаос и принцезата Татјана се разделуваат. Оваа вест шокираше многумина, а последен пат во јавноста се појавија пред два месеци, на комеморацијата на грчкиот крал Константин Втори.

„Принцот Николаос и принцезата Татјана решија да го прекинат бракот по 14 години заедно. Тоа беше тешка одлука за двајцата и тие продолжуваат да чувствуваат длабока благодарност, почит и љубов еден кон друг. Тие ќе продолжат да живеат и работат во Грција, место каде и двајцата се чувствуваат како дома. Семејството секогаш ќе биде на нивна страна“, се вели во официјалното соопштение на грчкото кралско семејство.

Фото: Instagram / skylightchaser

Принцот Николаос е син на последниот грчки крал, Константин Втори, кој почина во јануари 2023 година откако претрпе мозочен удар. Тој владееше со земјата до укинувањето на монархијата во 1973 година.

Фото; Instagram / tatianablatnik

Принцезата на Грција и Данска, 42-годишната Татјана Елинка Блатник е родена во Каракас, Венецуел), каде нејзиниот татко Ладислав Владимир Блатник, роден во Словенија, започнал нов живот преселувајќи се од Кралството Југославија. Помалку е познато дека тој бил вљубен во познатата актерка Натали Вуд, која исчезнала во 1981 година на Пацификот, чија смрт се уште е голема мистерија.

Фото: Instagram / tatianablatnik

Мајка на принцезата е Мари Бланш Биерлајн, потомок на Вилијам Втори, војводата од Хесен. Ладислав Владимир Блатник починал кога Татјана имала седум години, па пораснала со мајка ѝ и очувот, сопственик на неколку финансиски компании во Њујорк. Дипломирала на колеџот Ајглон, а потоа дипломирала на Универзитетот Џорџтаун со диплома по социологија. Работела за дизајнерката Дајан фон Фурстенберг.

Фото: Instagram / tatianablatnik

Татјана се омажи за грчкиот принц, во 2010 година во фустан од Анхел Санчез, венецуелски дизајнер. Нивната венчавка беше наречена настан на годината и собра бројни членови на кралските семејства на Европа.

Парот немаше деца, а принцезата во настапите во медиумите нагласи дека не се чувствува како принцеза и дека кралското семејство немало никакво влијание врз нејзиниот живот.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот