Немилосрдната Мараја Кери го „уништи“ поранешниот вереник! (ФОТО)

Џејмс Пакер, успешен бизнисмен и милијардер, неколку години беше изложен во јавноста поради својата врска со пејачката Мараја Кери. Пакер и Кери беа во врска околу 2 години, но и тоа беше доволно за во нивниот живот да настанат неколку скандали. Потсетуваме дека поранешниот пар започна да се гледа кон почетокот на 2015 година, почетокот на 2016 се верија, а десет месеци подоцна раскинаа и ја прекинаа веридбата. Пакер ја запроси пејачката со прстен вреден 13,2 милиони долари кои таа после раскинувањето наводно го продала за помалку од 3 милиони долари.

профимедиа

Пакер после нивното прекинување повторно се повлече од јавната сцена и го држи животот што е можно подалеку од очите на јавноста. Моментално се знае само дека е во врска со помалку познатата манекенка Кајли Лим. Но, тоа секако не значи дека понекогаш не го „ловат“ папараците. Последните фотографии на кои е забележан Пакер, го потврдуваат фактот дека немилосрдната дива ги уништува мажите. Пакер во последните 4 години се поправил повеќе од 10 килограми и повеќе не се средува како додека беше во врска со пејачката, всушност изгледа како воопшто да не му е грижа за изгледот.

профимедиа

Милијардерот веднаш по прекинувањето со пејачката изјавил дека е луда и дека е „ментално на многу мрачно место“, но и дека во повеќето ситуации е едноставно невозможна. Две години по таа изјава и самиот Пакер завршил во психијатриска болница, но набргу бил пуштен. Инаку, Кери во 2001 година беше дијагностицирана со биполарно пореметување, а нејзините поранешни соработници и општо луѓе кои ја познаваат, тврдат дека е неверојатно безобразна и се однесува како божица.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот