Нема веќе секој да може да прави бесплатен тест за антитела

Фото: Слободен печат/ Ристо Пејовски

Отсега нема да може секој да направи бесплатен тест за присуство на антитела на ковид-19 на Институтот за имунобиологија и хумана генетика во Скопје.

Министерот за здравство Венко Филипче денеска објави дека ќе се воведат категории и ограничувања за тоа кој се ќе може да ги направи овие тестирања, бидејќи како што рече, претставувале трошок за државата.

– Ќе има бесплатно испитување за присуство на антитела, но ќе има категории за да не го прави секој тој тест. На пример, ќе може да се тестира лице кое прележало ковид-19, или потребно е испитувањето пред да се прими вакцина, изјави денеска министерот за здравство Венко Филипче.

На оваа тема утрово министерот рагзоварал со директорите на Фондот и на Институтот, и се согласиле дека треба да продолжи праксата овие тестови да бидат на товар на државата, покриени од државен трошок, но ќе мора да се редуцираат пациентите кои ќе ги прават.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот