Нема спас за фонтаната на плоштад Македонија, уште еден камион пропадна во неа

Фото: Твитер

Подната фонтана на плоштадот Македонија е оштетена и не е во функција подолго време откако на двапати во неа пропаѓаа камиони. Денеска тоа и по третпат се случи, фонтаната е повторно оштетена од камион, веројатно од оние кои работат на поставување на опремата за претстојниот фестивал, што значи дека нема спас за фонтаната.

Пропаднатиот камион

Приватен субјект со возило камион без дозвола неовластено влегол на плоштадот Македонија, по што е причинета штета на плочникот. Градот Скопје остро го осудува овој чин, ќе ги преземе сите законски мерки за извршување на инспекциски надзор како и за санкционирање, по што за причинетата штета врз јавните добра на плоштадот ќе се бара надомест на штета. Ваквото однесување од страна на поединци е недозволиво и за него ќе се спроведат најстроги санкции – велат од Град Скопје.

ФОТО: Се преврте комунално камионче во фонтаната на плоштадот Македонија

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот