Неколку природни извори на мелатонин за кои можеби не сте знаеле

unsplash
Фото: Unsplash

Мелатонинот е хормон кој му сигнализира на телото дека е време за одмор, но исто така игра многу важна улога во одржувањето на здравјето бидејќи е најважниот антиоксиданс за митохондриите.

Митохондрија е клеточна орнела на еукариотските клетки што служи како извор на клеточна енергија и се троши со текот на годините, па затоа многу експерти препорачуваат оптимизирање на нејзината функција со нутритивна храна, пост, вежби и додатоци во исхраната.

Митохондриите произведуваат мелатонин, кој ја намалува фисијата на митохондриите и ја зголемува нивната фузија, што ја зачувува нивната нормална функција“, објаснува кардиологот д-р Стивен Гандри додавајќи дека придобивките од мелатонинот ги надминуваат неговите придобивки за добар сон.

unsplash

Ф’стаци

Ф’стаците имаат голем процент на мелатонин. Анализата спроведена од истражувачи од Државниот универзитет во Луизијана открила дека ф’стаците содржат околу 660 нанограми мелатонин по грам, што е значително поголем број од другите овошја, зеленчуци, ореви и семиња.

unsplash

Маслиново масло

Маслиновото масло е познато по своите здрави мононезаситени масти и витаминскиот профил, но д-р Гандри вели дека неговата вредност е уште поголема затоа што содржи и мелатонин. Значи, покрај фитохемикалиите и полифенолите кои преовладуваат на менито на медитеранската исхрана, мелатонинот дава уште еден позитивен ефект за здравјето на луѓето,

unsplash

Црвено вино

Црвеното вино покрај тоа што содржи ресвератрол, содржи и мелатонин. Ова е поткрепено со истражување кое покажува значителни количини на мелатонин во грозјето од кое се произведува црвено вино, што може да придонесе за негово антиоксидативно дејство. Ова не значи дека треба да испиете премногу црвено вино за да ги искористите овие придобивки – може да конзумирате мелатонин и преку сок од грозје и оцет, пишува „MindBodyGreen“.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот