Нека велат дека сум луд, но Тотенхем може да ја освои титулата во Премиер лигата

Тотенхем нема да го одигра одложениот меч во Конференциската лига против Рен/Фото: EPA-EFE/Alex Livesey

Тотенхем во последниот натпревар во Премиер лигата го демолира Манчестер јунајтед победувајќи го со 6:1.

Оваа голема победа го воодушеви поранешниот менаџер на Тотенхем, Хари Реднап кој во најавите за остатокот од сезоната оди чекор подалеку.

– Доколку ме прашате, мислам дека Тотенхем може да заврши меѓу најдобрите четири екипи во Премиер лигата. Мислам дека дури би можеле да ја освојат титулата. Знам дека луѓето ќе речат дека сум луд, но погледнете им го составот. Изгледа дека се ќе биде отворено сезонава, а тоа се покажа и за време на викендот со неверојатните резултати. Тотенхем има опасен тим, покриени се на секоја позиција и доколку некоја екипа може да ги изненади Ливепрул и Манчестер сити тоа ќе биде токму Тотенхем – изјави Реднап.

Тотенхем во првите четири кола во Премиер лигата има скор од две победи и по едно реми и пораз за шесто место на табелата.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот