Нејмар се враќа во Барса, а Дембеле ќе го засили ПСЖ!?

фото: EPA-EFE/YOAN VALAT

Бразилскиот напаѓач Нејмар ќе се врати во Барселона, Ова го вели познатиот катарски новинар Мабхут Ал-Мари.

Токму тој откри каде Лионел Меси ќе ја продолжи кариерата и неговиот трансфер во Интер Мајами.

Според новинарот, Нејмар ќе се врати на „Камп Ноу“, а во спротивен правец како што и до сега се најавуваше во ПСЖ ќе оди Усман Дембеле.

Тренерот на Барселона, Чави Ернандез двапати ја отфрли можноста да го врати Нејмар во тимот, но со оглед на околностите и договорот со Дембеле, специјалистот го убеди клубот да го доведе Бразилецот.

Нејмар во последните пет години настапуваше за ПСЖ, а во клубот од француската престолнина дојде токму од Барса.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот