Недоволен раст на површините под органски насади во ЕУ

Фото: Пиксабеј

Во најновата студија се наведува дека на земјите од ЕУ ќе им биде тешко да го исполнат условот една четвртина од храната да биде органска до 2030 година

Органското земјоделство во ЕУ континуирано расте од 2012 година,. Во 2021 година скоро десет отсто од земјоделското земјиште во ЕУ е посадено со  органска храна. Но, оваа стапка на раст не е доволна, се посочува во последниот извештај на Европската агенција за заштита на животната средина и во него се наведува дека е малку веројатно Европската унија да ја исполни целта од 25 отсто органско земјоделство до 2030 година, објави Еуроактив.

Тие велат дека Унијата не е на пат да ги исполни повеќето од целите поставени од Европската комисија, вклучително и амбициите за еко-земјоделство.

Тековната поддршка на политиката се смета за недоволна, поради што тие повикаа на поддршка за фундаментална трансформација на производството и потрошувачката на храна. Се истакнуваат предностите на овој вид производство, особено за биодиверзитетот, здравјето на почвата и квалитетот на водата. Се вели дека е потребна двојна стапка на напредок за да се постигне оваа цел.

„Органското земјоделство е клучна алатка на политиката за да се направи европското земјоделство поодржливо“, рече Ерик Гал, заменик-директор на здружението за органско земјоделство ЕУ ИФОАМ. Тој смета дека земјите-членки треба да стават повеќе пари на располагање на земјоделците кои се занимаваат со ваков вид одгледување преку Заедничката земјоделска политика (ЗЗП).

Ова беше дел од амбициите на ЕУ, содржани во Акцискиот план за органско производство од 2021 година. Како што е наведено, ЕК почна да ја стимулира побарувачката за овие производи, но и да инвестира во производството на органска храна преку доделување поголеми стимулации од заедничкиот буџет. Но, недостигаа некои од важните закони, кои според експертите го забавија растот и внесоа сомнеж дека целта е остварлива.

Според извештајот, дури и да се задржи сегашната стапка на раст, тоа би значело дека уделот на органското производство до 2030 година би бил само 15 отсто, што е далеку под целта од 25. Исто така, податоците покажуваат дека уделот на органските култури се зголеми во сите земји членки на ЕУ, освен Полска. А разликите меѓу земјите се уште се големи. На пример, Австрија, Естонија и Шведска имаа повеќе од 20 отсто од нивната земјоделска површина искористена за органско земјоделство.Во шест земји-членки, учеството на овие области е помалку од пет проценти, а најниско имало во Ирска, Бугарија и Малта.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот