Недостиг на антиботици за деца во САД

Unsplash
Фото: Unsplash

Во САД се зголемува недостигот на клучни лекови за лекување на детските болести како што се респираторните инфекции.

Во моментов имаме сериозен недостиг од лекови. Тамифлу за деца немаме, и едвај имаме за возрасни. Што се однесува до антибиотиците, не останаа многу, вели фармацевтот од Оклахома, Рене Крафт, пренесе Си-Ен-Ен.

Најмногу недостига Амоксицилин, а американскиот Центар за контрола и превенција на болести (ЦДЦ) објави дека циркулација на вируси во повеќе од половина од американските држави е „висока”, а во некои случаи и „многу висока”.

Сведоци сме на рекорден број на респираторни инфекции кај малите деца. Обично, врвот на бранот е во декември или јануари, но сега тоа се случува во ноември, потенцира Скот Робертс, експерт за заразни болести на Универзитетот Јеил, јавија американски медиуми. Тој додаде дека коронавирусот е сè уште доминантен.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот