Неда Украден има огромен стан, па домашните си ѕвонат на мобилни за да се најдат

Неда Украден
Неда Украден / Фото; Принтскрин/Инстаграм

Неда Украден (72) е една од најбогатите пејачки на регионалната естрада, а во своја сопственост поседува и неколку сериозни имоти. Куќата во која живее со семејството е толку пространа што често не се ни сретнува со членовите на семејството, пишува српски „Курир“.

Последниот во низата нејзини станови се наоѓа во Загреб. Освен тоа, поседува куќа во Бока Которска, два стана на Баново брдо, како и луксузен имот во елитната населба „Белград на вода“.

Нејзината ќерка Јелена во една прилика рекла дека нивната куќа во која живеат е толку голема што си се јавуваат на мобилни телефони за да искомуницираат едни со други.

„За среќа, имаме толку голем стан така што мораме да се довикуваме преку мобилните телефони и да си пишуваме пораки едни на други, така што мама секогаш може да се изолира и да се одмори. Меѓутоа, таа ретко го прави тоа. Мајка ми има енергија како никој друг, има сила на змеј на сцената, а дома е нежна баба за внуците“, изјавила Јелена.

72-годишната Неда Украден позираше во костим за капење и порача: Пуштете ги предрасудите

Неда Украден позира со своите внуци во костим за капење: Има 71 година, а изгледа како мисица, на што се должи нејзината тајна?

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот