Неда Арнериќ и Диме Илиев од „Исправи се Делфина” се сретнаа по 20 години во Битола

Македонскиот актер Диме Илиев и српската актерка Неда Арнериќ, познати по своите улоги во легендарниот филм „Исправи се Делфина“, по 20 години се сретнаа повторно во Центарот за култура во Битола.

Актерката Арнериќ настапи во претставата „Се извинуваме, многу се извинуваме”, а меѓу бројната публика во Битола беше и актерот Диме Илиев, со кого пред 43 години настапија во филмот „Исправи се Делфина“.

Средбата „без режија“ на Илиев и Арнериќ во НУ Центар за култура, битолчани ја поздравија со долготраен аплауз.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот