Не успеа со репрезентацијата, а сега Манчини добива понуда која не се одбива

Селекторот на Италија, Роберто Манчини/ фото: EPA-EFE/CARMELO IMBESI

Италијанскиот селектор Роберто Манчини не успеа да ја однесе репрезентацијата на Мундијалот после сензационалниот пораз од Македонија во Палермо во полуфиналето од плеј-офот.

Неизвесно е дали ќе остане на функцијата селектор на Италија, а како што пишува „Спортиталиа“, Манчини е интересен за ПСЖ.

Имено, ПСЖ на лето речиси сигурно ќе го смени тренерот. Маурисио Почетино заминува на крајот од сезоната, а заедно со Зинедин Зидан сега се споменува и можното доаѓање на Манчини.

Во својата тренерска кариера ги водеше досега Фиорентина, Лацио, Интер, Манчестер сити, Галатасарај и Зенит Ст. Петерсбург.

Париските „светци“ и сезонава итаат кон нова титула во француската „Лига 1“, но нивните навивачи разочарани поради уште една неуспешна година во обидот да се освои титулата во Лигата на шампионите и покрај тоа што во составот има голем број на ѕвезди како Меси, Нејмар, Мбапе, Рамос, Верати, Ди Марија, Вајналдум, Донарума…

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот