„Не сум во никаков имотен спор со Николина, напротив – редовно разговараме“: Миша Гроф за односот со снаата
По смртта на Видојe Ристовиќ дојде до јавна војна меѓу неговиот татко Виктор Ристовиќ, попознат како Миша Гроф и неговата снаа Николина Пишек, но се чини дека неодамна нешто се промени во нивниот однос. Миша Гроф во изјава за хрватските медиуми истакнал дека не е во лоши односи со Николина и дека се во контакт.
„Не сум во никаков имотен спор со Николина, напротив редовно разговараме“, изјавил Видојевиќ за 24сата.хр.
View this post on Instagram
Во понеделникот, на роденденот на нејзиниот сопруг, вдовицата на Видоје се присети на нивните заеднички моменти и објави серија фотографии, заедно со описот:
„Вака изгледаше денес, 25.07, низ годините. Низа среќни спомени. Секој од нив е скапоцен. Никој не може да ни ги оспори“ – напиша Николина во описот на објавата.
View this post on Instagram
На оваа објава реагираше и Миша Гроф, а притоа за споменатиот медиум изјави:
„Не отидов да ангажирам адвокати за имотот, но имам адвокат во Загреб. Не сум во никаков имотен спор со Николина. Кој ви кажал дека се дели имотот? Тоа е дезинформација. Јас всушност купувам куќа во Опатија“, изјавил Миша Гроф.
View this post on Instagram
Поради големиот заем што го земал нејзиниот покоен сопруг Видоје за куќата во Загреб, Николина се посветила на барање работа, тема за која Миша добил прашање од новинарите на што одговорил:
„Ако повторно бара работа, ќе и помогнам. Не ни знаев дека бара работа“, истакнал Миша Гроф.