Не слабејте со кафе или чај од Интернет, содржат опасни супстанци!

Кафе/ Фото: МИА

Германската канцеларија за заштита на потрошувачите и безбедност на храна предупредува да не се купуваат производи од чај и кафе на Интернет, пишуваат германските медиуми.

Властите итно ги предупредија клиентите за производите на брендот Старт Лајф од Турција, кој продава производи од кафе и чај преку интернет мрежите како Инстаграм и Фејсбук, дека содржат штетна материја.

„Производите содржат непријавен потиснувач на апетит сибутрамин“, објавија властите во пораката на нивниот потрошувачки портал Лебенсмиттелварнунг.де. Тоа е недозволена и штетна супстанција, пишуваат германските медиуми.

Сериозните несакани ефекти вклучуваат зголемен ризик од срцев удар кај кардиоваскуларни пациенти, зголемен крвен притисок, главоболки и несоница. „Имаше смртни случаи“, предупредија властите. Супстанцата е пронајдена во кафето, билниот чај од шипинка, детоксикацискиот билен чај во прав и билниот чај со лимон.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот