НЕ МОЖЕ ДА БИДЕ ПООДВРАТНО: Жена се измокрила сред полн автобус од Суботица до Белград

Во автобус кој синоќа околу 19 часот тргнал од Суботица за Белград се случило нешто што во најмала рака може да се каже дека е одвратно. Имено некаде после Нови Сад една средовечна жена одлучила да се олесни и тоа на сред автобус!

Како што раскажуваат патниците за Курир.рс, таа отишла до скалите на задната врата и се измокрила, за потоа опуштено да се врати на свое место како ништо да не било.

„Во Нови Сад автобусот стоеше 15 минути, но изгледа не сакала да оди во тоалет и да плати 50 динари. Но автобусот кога тргна, не помина многу кога стана и отиде кај задните скали. Возачот го пригуши светлото во автобусот, бидејќи беше ноќ, а таа го искористи тоа и изврши нужда“, раскажува Зорица М. за Курир.рс која се наоѓала во автобусот.

Истата жена подоцна побарала од возачот да го запре автобусот некаде за повторно да врши нужда овој пат голема.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот