Не играше против Милан, Пандев повторно во составот на Џенова!

Фото: EPA-EFE/SIMONE ARVEDA

В недела од 15.00 часот Џенова на гостински терен ќе ги одмери силите против Беневенто во рамките од 14 коло во најсилното италијанско првенство.

Во минатата рунда од Серија А Џенова ремизираше дома со Милан (2:2), а во составот не беше македонскиот репрезентативец Горан Пандев (37) поради мала повреда на грбот.

Нашиот играч се враќа во составот и е повикан за претстојниот дуел против Беневенто.

На табелата Џенова е на 18 позиција (во опасната зона за испаѓање) со седум бодови, додека противникот е на 15 позиција со 12.

Пандев до сега сезонава во шампионатот има вкупно 10 настапи со еден постигнат гол во септември во победата над Кротоне (4:1).

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот