Навивачката група „Чкембари“ ќе добие акции во ФК Пелистер

Со цел да се обезбеди сигурна и стабилна иднина за ФК Пелистер/Фото: facebook.com/kondovskihristo

Верната навивачка група „Чкембари“ ќе добие акции во ФК Пелистер, се зборовите на Христо Кондовски, кандидат на СДСМ за градоначалник на Општина Битола на локалните избори 2021.

Клубот ќе добие и нов сопственик кој треба да го направи Пелистер битолска и македонска гордост.

– Со моја поддршка како градоначалник, на Советот на Општина Битола, на Агенцијата за млади и спорт и државата, ФК Пелистер ќе биде повторно во врвот на македонскиот, а зошто да не, и на европскиот фудбал. ФК Пелистер повторно ќе биде и битолска и национална гордост, а Чкембарите горди навивачи!

Како голем поддржувач на ФК Пелистер среќен сум да најавам дека во идните неколку седмици ќе се заврши процесот на купопродажба на клубот! Веќе е потпишан преддоговор клубот да го купи човек за кој верувам дека максимално ќе се вложи за доброто на истиот!

Јас и моите партнери ќе стоиме зад клубот со финансиска поддршка се додека клубот не застане на стабилни нозе! Среќен сум и затоа што прв пат во историјата на битолскиот спорт, инвеститорот ќе оддели 10% од акциите како подарок за навивачката група Чкембари!

На тој начин Чкембарите ќе бидат дел од управата на клубот, односно за прв и тие ќе бидат сопственици како акционери! Нивниот глас ќе се слуша! Среќен сум и затоа што ова е желба и визија на битолчани!

Сакам да им се заблагодарам на поддршката која денеска ја изразија, а со тоа и ја потврдија мојата визија за реанимирање на ФК Пелистер, на Наумче Мојсоски, Претседател на Комисијата за спорт на СДСМ, Пеце Стојчевски, доминантен акционер во ФК Пелистер, Спортскиот директор на ФК Пелистер, Пеце Коруновски, но и на навивачката група Чкембари, во чие име денеска говореше Николче Лазаревски.

Нека ова биде уште еден чекор кон големи успеси! Кон европска иднина на клубот! Обезбедуваме сигурна и стабилна иднина за ФК Пелистер! – напиша Кондовски на Фејсбук.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот