Навивачите на Наполи со палки се шетаат низ Ливерпул, одговорот беше брутален (ФОТО)

На „Енфилд“ вечерва се игра еден од неколкуте дерби натревари во Лигата на шампионите, помеѓу Ливерпул и Наполи, а навивачите на италијанскиот тим парадираат низ англискиот град.


Тоа воопшто нема да биде чудно доколку фановите на Наполи не беа опремени со палки за голф и со шипки, призор кој ги натера локалните жители да ги одбегнуваат трасите по кои се движат фановите.
Фановите на Наполи важат за најагресивни во Италија и ваквите испади не се непознаница.

Одговор на нивната провокација не се чекаше долго и според социјалните мрежи, голема група на навивачи на Ливерпул ги пресретнала италијанските фанови по што дошло до голема тепачка во која подебелиот крај го извлекле Италијанците. Само благодарение на брзата интервенција на полицијата бил спречен линч на фановите на Наполи на улиците низ Ливерпул.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот