Научниците: Качувањето по скали го намалува ризикот од 9 смртоносни видови рак

Фото: Public Domain Pictures

Одржувањето добра кондиција може речиси да го преполови ризикот од рак, покажа истражувањето. Податоците добиени од речиси милион мажи во Шведска покажаа дека одржувањето добра форма помага да се заштитите од девет видови тумори, пренесува британски „Сан“.

Посилно срце и бели дробови на возраст помеѓу 16 и 25 години се поврзани со помали шанси за тумори на вратот, грлото, желудникот, панкреасот, црниот дроб, цревата, бубрезите или белите дробови во средната возраст.

Во најдобар случај, ризикот од рак на белите дробови бил 42 отсто помал отколку кај луѓето кои не се занимавале со физичка активност.

Докторот и автор на студијата Арон Онеруп од Универзитетот во Гетеборг рекол дека оваа студија покажува дека подобрата кондиција кај здравите млади мажи е поврзана со помал ризик од развој на девет од вкупно 18 видови на рак кои се истражуваат.

„Овие резултати би можеле да се користат во јавноздравствената политика, зајакнувајќи го поттикот за зголемување на кардиореспираторната кондиција кај младите“, додал тој.

Исто така, половина од Британците во еден момент од својот живот ќе добијат рак, а анекетите покажуваат дека 50 отсти жени и една третина од мажите воопшто не вежбаат. Освен тоа, околу 50 отсто од децата се активни секој ден, додека секое трето дете е со прекумерна телесна тежина.

Како што покажува споменатото истражување, луѓето можат да ја подобрат својата кондиција со една едноставна активност, а тоа е качување по скали наместо со лифт, но и со брзо одење, трчање, возење велосипед или пливање.

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот