НАТО флота забележана во Барнецовото Море првпат по три децении

Ова е првпат после три децении кога НАТО бродови впловиле во Баренцовото Море.

На социјалните мрежи се појавија фотографии од воени бродови на НАТО како пловат во Баренцовото Море, во близина на територијалните води на Русија.

На фотографите се американските разурнувачи „Портер” и „Доналд Кук”, како и британскиот воен брод „Кент”. Во придружба и е брод за снабдување на воено-морските сили на САД.

Според командата на Шестата флота, целта на оваа пловидба на НАТО флотата во северните води е обезбедување на безбедноста над Северниот поларен круг.

Веднаш откако влегле во Баренцовото Море, кон фрегатите се насочил рускиот ракетен крстосувач „Маршал јустинов”. Според воените експерти, во вакви случаи по правило, покрај основно ударно пловило, Русите највероатно испратиле и подморница за следење на флотата на НАТО, но и воени ловци.

Треба да се одбележи дека ова е првпат после три децении кога НАТО бродови впловиле во Баренцовото Море.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот