Наставниците во Франција ќе протестираат против владините ковид-мерки

Франција наставничка ученик ученици училиште образование
Наставничка и ученик во француско училиште / Фото: EPA-EFE/CAROLINE BLUMBERG

Наставниците во Франција денеска протестираат против владината политика во однос на пандемијата на коронавирус.

Откако децата се вратија на училиште пред 10 дена, властите трипати ги менуваа мерките за училиштата, а во услови на повеќе од 250 000 луѓе заразени со коронавирус дневно, владата укина голем број ограничувања.

Синдикатите на наставниците бараат подобра заштита на работното место бидејќи бројот на позитивни примероци во училиштата го надмина дури и државниот просек.

Извор: МИА

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот