Наскар суспендира возач поради расизам на виртуелна трка

twitter/Kyle Larson

Наскар го суспендира Кајл Ларсон бидејќи возачот за време на виртуелната трка извикувал навреди на расна основа.

Кајл Ларсон во неделата беше дел од виртуелната трка заедно со уште 61 професионален возач, а трката беше пренесувана во живо преку стримови.
Но, според американските медиуми за време на трката сите можеле да го слушнат Ларсон како извикува навреди на расна основа, а снимката веднаш се појави на Твитер. Казната експресно го стигна Ларсон.

Различноста и рамноправноста се еден од приотетите на Наскар и нема да толерираме таков речник како што во неделата го користеше Кајл Ларсон. Нашите правила се јасни и во склад со нив ќе постапуваме“, порачаа од Наскар.

Возачот веднаш се извини преку својот Твитер профил порачувајќи дека жали за постапката но и дека е свесен за направената штета:

Направив грешка и кажав нешто што не требаше. Немам оправдување за тоа. Не сум израснат на таков начин. Жалам поради испадот и жал ми е за семејството, пријателите, родителите, Наскар и посебно поради Афро-американската заедница“, изјави Ларсон.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот