Нападнат лекар од Куманово од таткото на починато момче во сообраќајката кај Доброшане

Јуни 2020, Скопје / Фото: Слободен печат - Драган Митрески

Во незгодата возачот на моторциклот починал на лице место, а од екипа на итна медицинска помош била констатирана смрт. 

Во СВР Куманово, В.В (39) од Куманово, вработен како лекар на итна медицинска помош вчера пријавил напад врз него дека на интервенција при сообраќајна несреќа на патот Куманово – Свети Николе.

Според пријавата на лекарот при интервенција по претходно случена сообраќајна незгода  во близина на с.Доброшане бил навредуван од две непознати лица, роднини на починатиот, по што од таткото на починатиот бил физички нападнат.

Станува збор за сообраќајната незгода од саботата вечер во која учествувале моторцикл „јамаха“, управуван од 16- годишен малолетник од с.Доброшане, патничко моторно возило „БМВ“ со кумановски регистарски ознаки управувано од М.М.(24) од Куманово, кој првично го напуштил местото на настанот, а потоа сам се пријавил во СВР Куманово и паркирано патничко моторно возило „југо“ со кумановски регистарски ознаки, сопственост на Т.Т. од Куманово.

Во незгодата возачот на моторциклот починал на лице место, а од екипа на итна медицинска помош била констатирана смрт. 

Се преземаат мерки за расчистување на случајот со физичкиот напад врз лекарот.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот