Напад врз центар за мигранти во Триполи: Над 40 загинати, има и повредени

Мигранти / Фото: EPA/Bienvenido Velasco

Најмалку 40 луѓе загинаа и 80 се ранети во воздушен удар врз центар за мигранти во либискиот главен град Триполи.

Според претставник на центарот, нападот бил извршен од силите на Халифа Хатар кои од пред три месеци се обидуваат да го заземат Триполи.

Во Триполи е базирана меѓународно признатата влада на национално единство на премиерот Фаез Сараџ.

Во момент на нападот во центарот имало над 120 мигранти.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот