Наместо маска носеше змија околу главата, заедно се повозија во автобус до Манчестер (ФОТО)

Фото: Facebook/Swinton People/Alison Jones

Во многу земји носењето маски е задолжително во јавниот превоз, а некои луѓе се подосетливи во изнаоѓањето алтернативни начини за покривање на лицето.

Така еден Британец ги изненадил сите патници во автобусот кој возел од Свитон до Манчестер.

Наместо маска, носел змија. Змијата му се обвила околу вратот и му покрила дел од лицето, а тој изгледал ладнокрвно како ништо невообичаено да се случува.

Прво помислив дека има некоја интерсна маска. А потоа видов како ја пушти змијата да се витка и околу шипката. На никој не му пречеше, дури беше и многу забавно“, рече една сопатничка на овој креативен Британец.

Фото: Facebook/Swinton People/Alison Jones

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот