Наместо кафе, напијте се зелен чај: Здрав напиток кој може да ви помогне при слабеењето

Зелен чај
Жена со шолја чај / Фото: Pexels/Karolina Grabowska

Ако испиете шолја зелен чај, тоа е исто како да се изеле осум јаболка, покажа едно американско истражување. Зелениот чај е богат со антиоксиданси кои помагаат во борбата против речиси сите болести – од настинки и грип, па сѐ до рак.

Иако е ефикасен во борбата против болестите, тој е корисен и за здравите луѓе – оние кои редовно пијат зелен чај се во подобра форма дури и подоцна во животот, покажа тригодишното истражување на Универзитетот во Токио во кое учествувале 14.000 луѓе постари од 65 години.

Зелениот чај е многу корисен бидејќи го намалува нивото на холестеролот, а помага и за намалување на брчките. Исто така, го намалува ризикот од рак, мозочен удар, дијабетес и расипување на забите.

Зелен чај
Фото: Pexels/cottonbro

Полесно се дише со шолја зелен чај

Зелениот чај штити од рак на белите дробови бидејќи го намалува оштетувањето на клетките предизвикано од чадот од тутунот за 25 проценти. Исто така, го намалува оштетувањето на црниот дроб предизвикано од алкохол, а истражувањата сугерираат дека може да биде ефикасен во лекувањето на сериозни заболувања на црниот дроб.

Чај кој топи килограми

Луѓето кои го вклучиле зелениот чај во својата диета топеле повеќе масни наслаги, покажа американско истражување. Во исто време, им се намалило и нивото на холестерол и триглицериди во организмот. За да изгубите тежина, треба да пиете пет шолји дневно.

Зелен чај
Фото: Pexels/cottonbro

Ја чисти кожата и ја прави помека

Зелениот чај поволно делува и на кожата, па затоа се препорачува да се користи во купки или за чистење на лицето, бидејќи се покажало дека делува против акните. Нежните бањи со зелен чај имаат терапевтски ефект врз сериозните воспалителни заболувања на кожата, како што е псоријазата.

Идеален пијалок за дијабетичари

Луѓето кои два месеци пиеле шест шолји зелен чај дневно, го намалиле нивото на шеќер во крвта за 20 проценти. Во комбинација со здрава исхрана, зелениот чај е ефикасен и за спречување на појава на дијабетес.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот