Намалените цени на пијалаците водат кон загуби

засладувачи во газираните сокови

Групацијата производители на алкохолни и безалкохолни пијалаци при Здружението за земјоделство и прехранбена индустрија при СКСМ писмено му се обрати на министерот за економија, наведувајќи аргументи со кои се укажува и докажува штетноста на замрзнувањето на цените. Како што велат, десетпроцентното намалување за производителите и за трговците ќе значи работење со загуба, при што компаниите ќе немаат каква било можност за развој, нови инвестиции и вработувања.

Според нив, растот на цените во изминатиот период е објективен, односно не се работи за самоволие, туку се ѝ се припишува на кризата, под чие влијание се поскапени суровините и репроматеријалите. Имено, цената на стаклената амбалажа се зголеми за повеќе од 100 отсто, ПЕТ-амбалажата за 30 проценти, исто толку и амбалажата и капачињата, двојно е зголемена цената на шеќерот, главната суровина за производство на пиво е зголемена за 110, а за повеќе од 30 проценти се повисоки цените на свежото овошје.

Исто така, за цената на пивото бараат државата да преземе дел од трошоците преку намалување на акцизата, која кај нас е до трипати поголема од оние што се применуваат во земјите од регионот и во ЕУ. Како што се наведува, во Македонија акцизата за пиво со пет степени алкохол е 32,5 евра за хектолитар, додека во Романија е 8,63, Бугарија 9,2, Германија 9,44, Чешка 14,69, Австрија 24 и во Хрватска – 25,89 евра за хектолитар.
Претходно, реагираа и производителите на овошје и зеленчук, кои исто така тврдат дека цените на домашните производи мора да се зголемуваат токму поради репроматеријалите, но и поради намаленото производство.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот