НАкС организира отворена дискусија за Законот за високото образование

Независниот академски синдикат (НАкС) денеска во Кинотека ќе одржи отворена дискусија „Законот за високото образование: Искуства од примената и потреба од промени”.

Дискусијата, како што соопшти НАкС, има за цел да се идентификуваат искуствата од спроведувањето на Законот за високото образование (ЗВО) во сите негови аспекти, од гарантирањето на автономијата и начинот на нејзината реализација до одговорноста на високобразовните установи за спроведување на законот и идентификување на неговите слабости.

Според НАкС, единствено врз основа на идентификуваните состојби би требало да се артикулираат потребите за измена и дополнување на ЗВО.

НАкС на дискусијата ги повикува сите членови на академската заедница, органите на управување во високобразовните установи и клучните институции за високото образование.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот