Најстудено во Битола, најмногу снег во Маврово

Битола снег
Битола под снежна покривка / 30 ноември 2021 / Фото: Твитер

Најстудено утринава е во Битола каде се измерени -10 степени. Утринските температури во целата држава се под нулата освен во Дојран каде според Управата за хидрометеоролошки работи е измерен еден степен над нулата.

Во Берово утринската температура е -8 степени, во Маврово и Попова Шапка -7, во Крива Паланка и Крушево -6, во Петровац кај Скопје, Демир Капија и Струмица -5, на Зајчев Рид Скопје, Прилеп, Штип, Виница и Куманово -4, во Тетово, Охрид и Гевгелија -3 и во Претор -2 степена.

Најмногу снег има на Маврово – 22 сантиметри, потоа во Крушево 20 сантиметри, на Попова Шапка 17 и во Битола 15 сантиметри.

Според најавата на синоптичарите, денеска времето ќе биде сончево со мала до умерена локална облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер претежно од западен правец. Максималната температура ќе се движи од 5 до 11 степени.

Извор: МИА

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот