Најскап тинејџер во светот: Има 17 години и вреди 125 милиони евра

Младиот напаѓач кој веќе е дел од првиот тим на Порто има само 17 години и со новиот договор, доколку некоја екипа сака да го ангажира ќе мора да плати неверојатни 125 милиони евра.
Иако за многумина оваа сума е неверојатна, но за услугите на младиот Силва голем интерес пројавија гиганти како Атлетико Мадрид, Ливерпул и Реал Мадрид.

Фабио Силва дебито за првиот тим на Порто го имаше сезонава, а првиот гол го постигна во Португалскиот куп против Коимбреш со што стана најмладиот стрелец во историјата на клубот со само 17 години и 22 денови.

Силва постигнувал голови за сите млади селекции на Португалија за кои настапуваше, а единствено не беше член на репрезентацијата до 21 години. Иако Порто со потписот „лупна“ историска откупна клаузула за португалскиот фудбал, не е гаранција дека младиот фудбалер ќе остане долго во тимот, бидејќи изминатото лето Атлетико Мадрид плати 120 милиони евра за 19-годишниот Жоао Феликс од Бенфика.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот