Најморничавите места во Европа: На листата се најде и едно хрватско село, идеално за љубителите на мистериозни локации

Фото: Profimedia

Во Европа се наоѓаат едни од најпопуларните туристички дестинации во светот, со живописни плажи и вибрантни градови. Но, на најстариот континент има и повеќе мистериозни локации, кои како магнет ги привлекуваат сите љубители на „мрачниот туризам“, особено во пресрет на најстрашната ноќ во годината – Ноќта на вештерките.

Светски познатата веб-страница „Stress Free Car Rental“ темелно го истражи европскиот континент за да ги пронајде најморничавите места и локации, кои ќе ве натераат да се сокриете под покривките за време на Ноќта на вештерките. Или, ако сте желни за страшни искуства и адреналин, да отпатувате во потрага по нив, пишува „Путни кофер“.

Замокот Бран, попознат како замокот на Дракула, сместен на врвот на стрмна карпа во Трансилванија, е навистина едно од најдраматичните места во светот. Оваа спектакуларна градба и уметничко ремек-дело го доби својот легендарен статус кога авторот Брам Стокер го напиша својот познат роман за вампири „Дракула“. И иако ирскиот автор никогаш не бил во Романија, гледајќи ја фотографијата од замокот, го избрал домот на Дракула. Со своите подземни премини, тесни кривулести скали и тајни тунели, ова е навистина совршено место за поминување на една од „најлудите“ ноќи во годината – Ноќта на вештерките. Се разбира, под услов да не се плашите од хорор приказни и приказни за вампири.

На само 30 километри од волшебниот Брашов, замокот Бран е една од најголемите атракции во јужна Романија. Годишно го посетуваат над 500.000 домашни и странски туристи, но интересот за билети традиционално се зголемува неделата пред најстрашната ноќ во годината.

Замокот Бран / Фото: Louis Wood / News Licensing / Profimedia

Триора во Италија, второто најморничаво место во Европа, крие темно минато што ја прави совршена дестинација за Ноќта на вештерките. Ова средновековно село било место на тортура и страшни злосторства, особено врз жените кои биле обвинети за вештерство. Речиси неверојатно, таму биле мачени и убиени дури 50 жени поради нивната наводна поврзаност со магија. Денес, Триора има само околу 300 жители, што ја прави тивко и мистериозно место кое би можело да биде вистинската дестинација за храбрите посетители кои бараат страшни искуства.

На третото место на листата на најморничави места во Европа е Плакли, кој ја освои титулата најопседнато село во Велика Британија според Гинисовата книга на рекорди. Легендите и приказните околу ова село го прават атрактивна дестинација за сите љубители на натприродни тајни. Се вели дека Плакли има најмалку 12 опседнати жители, вклучувајќи го и духот на наставникот чие обесено тело останало заробено во времето. Преку густите дрвја, шумските патеки и околните полиња, посетителите можат да ја истражуваат оваа морничава област, каде што секој чекор носи чувство на напнатост и мистерија.

Населбата Шкрињари во Хрватска е полна со тајни и морничави приказни, а меѓу нив се издвојува приказната за напуштената куќа Шкрињари. Оваа куќа, според локалните легенди, се смета за опседната бидејќи била изградена на некогашни гробишта, кои според верувањата ги будат душите од нивниот вечен сон. Локалните жители често пријавуваат чувство на нелагодност што ги обзема кога ќе се приближат до таа куќа. Некои дури тврдат дека околу неа често се случуваат сообраќајни несреќи.

Ова се седумте најморничави места во Европа:

  1. Замокот Бран, Романија
  2. Триора, Италија
  3. Плакли, Англија
  4. Очате, Шпанија
  5. Рослин, Шкотска
  6. Шкирњари, Хрватска
  7. Тинтерн, Велс

Зошто се резбарат тикви на Ноќта на вештерките?

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот