Најмногу дожд во Гевгелија и Дојран

Фото: Слободен печат/Драган Митрески

Најмногу дожд до осум часот изутрина наврнал во Гевгелија и во Дојран, каде се измерени 23 литри на метар квадратен, како и во Демир Капија – 18 литри на метар квадратен и 12 во Скопје-Петровец.

По нив, според мерењата на Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР), следат Берово со 9, Тополчани – 8, Крива Паланка и Скопје – Зајчев Рид – 6, Битола и Попова Шапка – 4, Виница – 3, Тетово, Пожаране, Маврово и Струмица – 2 и Прилеп со 1 литар на метар квадратен.

УХМР за денеска претпладне најавува променливо облачно со слаб локален дожд, претежно во југоисточните делови. Попладне облачноста ќе се намалува. Ќе дува слаб до умерен северен ветер, поизразен вдолж Повардарието. Максималната температура ќе биде во интервал од 22 до 27 степени. УВ-индексот ќе изнесува 6.

Во Скопје во утринските часови променливо облачно, во текот на денот сончево со мала до умерена облачност и слаб до умерен северен ветер. Максималната температура ќе достигне 26 степени.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот