Најмногу дожд ноќеска во Крива Паланка, Виница и Битола

Дожд Скопје улица влажни коловози
Дожд во Скопје / Фото: EPA-EFE/GEORGI LICOVSKI

Во текот на ноќта времето беше претежно облачно, на повеќе места нестабилно со пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Локално, особено во источните делови, процесите беа поинтензивни во форма на невреме со пообилен дожд за кратко време, силен ветер и електрични празнења. Утрово е облачно со слаб локален дожд, информира УХМР.

Најмногу дожд наврна во Крива Паланка 33 литри на метар квадратен, 25 во Виница, 23 во Битола, 17 во Струмица, 16 во Скопје и Дојран, 14 во Берово, 12 Штип, 10 на Попова Шапка, девет Прилеп, а седум литри во Гевгелија.

Времето денеска ќе биде променливо облачно, посвежо и нестабилно, на повеќе места со пороен дожд и грмежи. Локално процесите ќе бидат поинтензивни во форма на невреме со пообилен дожд, силен ветер и услови за појава на град. Максималната температура ќе опадне за 5 до 7 степени и ќе се движи од 21 до 28 степени. УВ=4

Во Скопје, променливо облачно и нестабилно со повремен пороен дожд и грмежи. Во делови од котлината ќе има услови за појава на краткотрајно невреме. Максималната температура ќе достигне до 25 степени.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот