Најмалку 12 лица загинаа по стампедо на фудбалски стадион во Ел Салвадор

фото: EPA-EFE/MIGUEL LEMUS

Најмалку 12 лица ги загубија животите, а десетици се повредени во страшното стампедо на фудбалскиот стадион во Кускатлан, Ел Салвадор, пренесува „Би-Би-Си“.

Трагедијата се случи на четвртфиналниот натпревар од домашното првенство меѓу Алијанца и ФАС на стадионот Монументал во Кускатлан.

Според првите информации до несреќата дошло поради гужва која се создала на еден од влезовите на стадионот. Голем број навивачи се обидоа да влезат на стадионот по затворањето на портите. Изби стампедо и се случи невидена трагедија.

– Тоа беше вистинска лавина навивачи што ја проби вратата. Некои останаа заробени во тунелот, други се упатија кон трибините, по што мораа да упаднат во самиот терен – откри еден сведок.

Луис Алонсо Амаја од Цивилната заштита на Ел Салвадор рече дека околу 500 луѓе добиле медицинска помош и дека многу од нив биле префрлени на стационарно лекување.

Фудбалската федерација на Ел Салвадор соопшти дека жали за инцидентот и изрази поддршка за семејствата на жртвите.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот