Најлоши во ЕУ: повеќе од 40 отсто од сиромашните Хрвати имаат проблеми со меморијата

Околу 15 отсто од жителите на Европската унија пријавиле умерени или тешки проблеми со меморијата и концентрацијата, покажуваат новите податоци на Евростат. Најголем дел од оние со потешкотии со меморијата или концентрацијата е забележан во Финска (33,6 проценти), Норвешка (33,5), Данска (26,7), Холандија (26), Шведска (25,2), Естонија (24, 9) и Хрватска (20,6) проценти, објави Даница хр.

Податоците се однесуваат на претходната година. Сепак, Хрватска е најлоша во јазот меѓу сиромашниот дел од населението и оние кои не се изложени на ризик од сиромаштија. Поточно, повеќе од 40 отсто од луѓето во ризик од сиромаштија го пријавиле овој проблем, а само 16 отсто од оние кои не се сиромашни имаат проблем со меморијата.

На ниво на Европската Унија споменатите проблеми ги пријавиле околу 14 отсто од несиромашните и околу 20 отсто од сиромашните. Според тоа, во Хрватска има двојно повеќе сиромашни луѓе со проблеми со меморијата отколку на ниво на ЕУ. Кипар и Црна Гора (по 5,7 отсто), Малта (6,5), Ирска (7,3), Србија (7,8), Бугарија (7,9) и Унгарија (8 отсто од населението).

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот