Најголема економска закана годинава остануваат вооружените конфликт во светот

Израелските авиони и артилеријата ги засилија нападите врз Газа / Фото: Profimedia

Најголемата економска закана во претстојната 2024 година ќе остане насилството во меѓународните односи, бидејќи еден напад може да ги наруши економските и пазарните очекувања на глобално ниво, покажува новото истражување спроведено од компанијата Натиксис, а со кое се опфатени 500 инвеститори во светот.

Годишното истражување наведе и други закани за глобалната економија, како што се грешките во политиките на централните банки (особено ФЕД, американската централна банка проследена со другите институции во светот), пад на потрошувачката или забавување на кинеската економија. И минатата година, инвеститорите ја оценија војната како најголем економски ризик, според тогашното истражување на Natixis.

Една година пред тоа, односно на крајот на 2021 година, кога светот се уште излегуваше од индустриското забавување што беше последица на пандемијата, според инвеститорите, најголем економски ризик за 2022 година беше нарушувањето на синџирот на снабдување, бидејќи тогаш не предвидуваа дека Русија ќе ја нападне Украина.

Во истражувањето на менаџери на фондови, Bank of America Global Research, 89 отсто од испитаниците рекле дека геополитичкиот ризик е над нормалниот. Инвестицискиот институт BlackRock претходно објави дека историските геополитички настани имале краткорочни пазарни и економски влијанија – но дека тоа се променило во новиот глобален режим кој е помалку стабилен.

Геополитиката денес, според експертите на BlackRock, е „структурен пазарен ризик“. „Откако видоа дека раните фази на руската инвазија на Украина предизвикуваат големи скокови во цените на енергијата и храната во 2022 година, институциите имаат добра причина да бидат загрижени бидејќи геополитичкиот „пејсаж“ изгледа помалку стабилен во 2024 година“, се вели во извештај на Натиксис. Како што се додава, истражувањето е направено токму во моментот кога палестинската организација Хамас изврши напад врз Израел, а Иран и Северна Кореја го зајакнаа сојузот со Русија.

Во анкетата, околу 70 отсто од испитаниците велат дека веруваат дека растечкиот сојуз меѓу Русија, Северна Кореја и Иран ќе доведе до поголема економска нестабилност. Од друга страна, 72 отсто од испитаниците сметаат дека кампањата за претседателските избори во САД ќе доведе до поголема нестабилност на пазарот.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот