Најголем скандал во Шпанија во последната деценија, поранешен фудбалер на Реал Мадрид обвинет за корупција

Претседателот на унијата на шпански фудбалери (АФЕ), Давид Аганзо се најде под тешки побвинувања откако весникот „Марка“ објави дека овој поранешен фудбалер на Реал Мадрид е замешан во корупциски скандал.

„Марка“ се повикува на сведочењето на високопозоционираниот член на АФЕ, Антонио Саиз Чеке, кој тврди дека Аганзо го натерал да плати 3.000 евра на неименуван јавен службен за илегално да добие финансиски документи за вториот шпански фудбалски синдикат „Futbolistas Onа“.

Аганзо со овој потег сакал да докаже дека Ла Лига ги финансирала Futbolistas Onа“ кој е нов синдикат, формиран пред две години и кој ги застапува интересите на фудбалерите кои играат во пониските лиги и на женскиот фудбал.

Весникот го повика Аганзо да до поднесе оставка, додека поранешниот фудбалер на Реал Мадрид тврди дека обвинувањата се лажни и дека е подготвен да ја брани својата чест, а се огласи и Futbolistas Ona“.

–  Се наоѓаме пред најголемиот скандал во шпанскиот фудбал во последната деценија. Веќе ја предадовме целата документација на судот и не сакаме да има корупција во фудбалот. АФЕ со мафијашки методи се обидува да не уништи – изјави Хуанхо Мартинез, претседателот на Futbolistas Ona“.

Аганзо потекнува од младинската школа на Реал Мадрид, но за првиот тим на „кралевите“ одигра само пет натпревари што беше доволно да добие медал за триумфот во Лигата на шампионите 2000 година.

Во 2017 година доаѓа на чело на АФЕ и тоа на местото на Луис Рубиалес кој стана претседател на фудбалската федерација на Шпанија.

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот