Најдолги стечаи во Србија: Две фирми 22 години, една банка повеќе од три децении

Српски динари / Фото: Архива на „Слободен печат“

Според податоците на Агенцијата за лиценцирање стечајни администратори (АЛСУ), на почетокот на јули во Србија биле активни 1.615 стечајни постапки против фирми. Најдолгите меѓу нив траат 22 години. Но, има и банки кои се во стечај речиси исто толку, и една чиј стечај трае повеќе од три децении.

Додека АЛСУ ги консолидира податоците за корпоративните стечаи, кога станува збор за финансиските институции, таа улога ја има Агенцијата за осигурување на депозити – стечајните постапки се во тек во една осигурителна компанија и 12 банки. Кај фирмите само од почетокот на годинава до 3 јули на територијата на Србија се отворени 176 стечајни постапки.

Според евиденцијата на АЛСУ, двете градежни компании „Рад“ и „Рад Интернационал“ се најдолго во стечај, а против нив е покрената постапка уште на 13 март 2001 година.

Три банки се во стечај 21 година, една на 33. Според податоците на Агенцијата за осигурување на депозити, стечајни постапки за финансиски институции се водат во осигурителната компанија „СИМ осигурување“, како и во 12 банки. Београдска банка, Југобанка и Беобанка се во стечај од 3 јануари 2002 година. Повеќе од 21 година. Истовремено со нив, истиот ден во стечај отиде и Инвестбанк, но оваа постапка во меѓувреме беше заклучена во 2020 година и постапката продолжи над дел од стечајната маса. Но, стечајната постапка најдолго трае кај Косовска банка д.д. Белград – од 1990 година, вкупно 33 години.

Стечајната постапка над ЈИК Банка се води од 2005 година (претходеше поведување на ликвидациона постапка во 2001 година). Според податоците со кои располага АЛСУ, вкупното просечно времетраење за 8.962 стечајни постапки во фирми е три години, еден месец и 29 дена, анализира Н1 Инфо.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот