Најбогатата земја во Европа слави три години бесплатен јавен превоз

Луксембург / Фото EPA-EFE/JULIEN WARNAND

Граѓаните на малата држава Луксембург, која е најбогатата во Европа, веќе три години уживаат во бесплатниот јавен превоз.

Ова воопшто не е изненадувачки, бидејќи на годишнината на оваа навидум многу скапа јавна иницијатива, речиси сите што користат трамваи, автобуси и возови во малата земја-членка на ЕУ велат дека се задоволни со тоа, пренесува „Еуроњуз“.

„Бидејќи е бесплатно, полесно е брзо да се донесе одлука, да се избере помеѓу јавен превоз или приватен автомобил. Тоа е многу позитивно за животната средина и многу попрактично“, вели еден жител на Луксембург.

Се разбира, помага и фактот што повеќето луѓе во оваа држава се богати, како и тоа што оваа земја има мала популација. Има само околу 640.000 граѓани и секој од нив, во однос на БДП по глава на жител, вреди околу 99.900 евра годишно според најновите податоци на Светска банка од 2021 година. Споредено со секој граѓанин во соседна Франција, просекот таму е „само“ 35.200 евра годишно.

Луксембург го промовира бесплатниот јавен превоз како начин за борба против загадувањето и климатските промени со привлекување на луѓето подалеку од нивните возила со возови и автобуси.

Но, засега, автомобилите сè уште се најчести, иако некои Луксембуржани веќе го сметаат бесплатниот превоз како право, а не како дарежлив подарок од владата.

„Ова им овозможува на сите жители надвор од границата, особено на оние од Белгија, Германија и Франција, лесно да патуваат. И покрај тоа, тоа е добра форма на слобода. Ние го немаме ова во Франција. Има помалку контролори, има помала мака“, рече друг среќен корисник на трамвајот.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот