Награда „Вавилон 2021“: Работилници и онлајн сесии за млади преведувачи

Осмиот циклус на Наградата за најдобар млад преведувач „Вавилон“ веќе е во тек, а Делегацијата на ЕУ и ЗПРМ конкурсот за учество го објавија во септември и ќе трае до 4 април 2021 година.

За таа цел Здружението на преведувачите до крајот на годината ќе одржи две информативни онлајн работилници, на 25 ноември и на 10 декември, на кои учесниците ќе може да се информираат за главните критериуми за учество, процесот на оценување, придобивките од учеството и освојувањето на наградата. Потоа ќе следува дискусија со искусни книжевни преведувачи, на којашто ќе бидат споделени искуства и корисни совети на што треба да се внимава при преведувањето.

По презентацијата и дискусијата, учесниците ќе имаат можност да преведат текст во координација со искусен преведувач од конкретната јазична комбинација што тие ја избрале. Сите информации во врска со самите работилници тековно ќе се објавуваат на Фејсбук-настанот на „Вавилон“.

Наградата „Вавилон“ е наменета за млади преведувачи на возраст до 26 години, државјани на Република Северна Македонија, кои преведуваат од официјалните јазици на Европската Унија на јазиците што се зборуваат во државата.

(Текстот е објавен во „Културен печат“ број 57, во печатеното издание на „Слободен печат“ на 21-22 ноември 2020)

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот