Надал: Не станува збор за проклетство

Фото: EPA-EFE/IAN LANGSDON

Шпанецот по елиминацијата од Зверев во полуфиналето, истакна дека не му одговораат условите за игра на Мастерсот во Париз и дека не е изненадување што ниту еднаш во кариерата не ја освоил титулата во „Берси“.

Рафаел Надал во полуфиналето од Мастерсот во Париз е поразен од Александер Зверев со 6:4,7:5 и пропушти уште една шанса да се бори за титулата која му недостасува во трофејната колекција.

Надал елиминиран, Зверев и Медвевев за титулата во Париз

Шпанецот по поразот ги објасни причините поради кои никогаш не победил во салата „Берси“ каде се игра Мастерсот.

Не постои никаква клетва или проклетство. Турнирот е тежок поради условите во кои се игра. Не е ненормално што не сум освоил еден турнир од серијата 1000. На Мастерсите учествуваат најдобрите тенисери. Како што и порано изјавив, оваа подлога е тешка. Сепак, оваа недела беше добра за мене, одиграв четири меча и тоа многу ќе ми значи за завршниот Мастерс. Ќе мора да подобрам некои работи во играта и се надевам дека ќе бидам максимално подготвен за Лондон – изјави Надал.

Завршниот Мастерс турнир на кој ќе настапат осумте најдобри тенисери оваа година ќе се игра во Лондон, а турнирот започнува на 15. ноември.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот