Надал: Ѓоковиќ е најдобриот во историјата и тука нема што да се разговара

Полека но сигурно како што изгледа светот на тенисот признава дека Новак Ѓоковиќ е најдобриот тенисер на сите времиња, сите рекорди и бројки се на страната на Србинот.
Рафаел Надал кој долго време заедно со Федерер беше најголемиот ривал на Ѓоковиќ нема проблем да каже дека Ѓоковиќ е најдобриот.
„Бројките се бројки, а статистиката е статистика и во таа смисла неговите бројки се секако подобри од моите. Немам доволно големо его за да не ја прифатам реалноста таква каква што е. Ова е вистина. Останатото е прашање на вкус, инспирација, чувство, против кои можеби еден играч повеќе ви се допаѓа отколку друг. Што се однесува до титулите, Ѓоковиќ е најдобар во историјата и нема што да се разговара“, изјави Надал.
Ѓоковиќ е апсолутен рекордер по бројот на победи на грен-слем турнирите каде што има 24 титули, Надал и Федерер кои веќе не се активни останаа на 22.