Над 600 медицински сестри починаа од Ковид-19 во светот

германија ковид
Ковид-19 / Фото: МИА

Точниот број на заболени медицински работници не е познат, но просечно тие изнесуваат седум отсто од сите случаи на Ковид-19.

Во светот повеќе од 600 медицински сестри починаа од новиот коронавирус, со кој, според проценките, се заразени околу 450.000 здравствени работници, соопшти денеска Меѓународниот совет на медицински сестри.

Бројот на смртни случаи меѓу медицинските сестри е повеќе од двојно зголемен минатиот месец, покажува извештајот врз основа на податоците од над 30 земји.

– Во последните два месеца сведоци сме на зголемен број на медицински сестри починати од инфекција со коронавирус низ светот, од 100 на 600, и веруваме дека бројот на заразени здравствени работници изнесува околу 450.000 – изјави извршниот директор на Советот, Хауард Кетон.

Точниот број на заболени медицински работници не е познат, но просечно тие изнесуваат седум отсто од сите случаи на Ковид-19. Стапката на заболени здравствени работници се разликува од една до друга земја. Во Сингапур, на пример, тој процент изнесува еден, додека во Ирска се над 30 отсто заразени медицински работници.

Во Меѓународниот совет на медицински сестри членуваат 130 национални здруженија и повеќе од 20 милиони регистрирани медицински сестри.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот