Над 150 луѓе загинаа во смртоносното стампедо во Сеул, прогласена национална жалост

Фото: EPA-EFE/JEON HEON-KYUN

Јужнокорејскиот претседател Јун Сук-Јол денеска прогласи национална жалост, откако во вчерашното стампедо за време на прославата на „Ноќта на вештерките“ загина 151 човек.

Јун изрази сочувство за жртвите и на повредените им посака брзо закрепнување.

„Ова е навистина трагично. Трагедија и катастрофа што не требаше да се случи, се случи синоќа во срцето на Сеул“, рече тој.

Толпата која славеше во популарната населба Итаевон синоќа се втурнала во тесна уличка, соопштија службите за вонредни состојби, додавајќи дека бројот на жртвите може да се зголеми.

Дополнителни 76 лица се повредени во тепачка, изјави началникот на противпожарната станица Јонгсан Чои Сунг-беом на брифинг на местото на настанот.

Британските медиуми пренесуваат дека 19 од повредените се во тешка состојба и добиваат итна помош, соопштија официјални лица.

Инцидентот се случи синоќа по локално време. Многу од луѓето паднале на земја во тесната улица, рече Чои, додавајќи дека поголемиот број од од жртвите се на возраст од дваесет години.

Снимките на социјалните мрежи покажаа стотици луѓе натиснати во тесна, коса уличка, згмечени и неподвижни додека работниците за итна помош и полицијата се обидуваа да ги извлечат.

Други снимки покажуваат хаотични сцени во кои пожарникарите и обичните граѓани им помагаат на десетици луѓе кои изгледаат како да се во несвест.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот